Ова е ориентациона статија за новите играчи, нека ви служи како прирачник за Еклесијар :)


Алијанса

Македонија е дел од алијансата "The Bakers" или "Пекарите", односно алијансата што ја победи последната Светска Војна и надежно ќе ја победи и сегашната.
Членови на "The Bakers" се:

  • Македонија

  • Бугарија (браќа ни се овде)

  • Шведска

  • Саудиска Арабија

  • Чиле

  • Јужна Кореја

Мoментално трае 7мата (или 8ма) Светска Војна во Еклесијар и нашата Алијанса се бори против Пассифисти, нивните членови и наши непријатели во оваа војна се:

  • Полска (моментално најсилна земја во Еклесијар)

  • Србија (директно сме во војна со нив)

  • Хрватска (директно сме во војна со нив)

  • Грција (директно ќе бидеме во војна со нив од денес)

  • Америка

  • Бразил

  • Словенија

  • Перу

Македонија и Внатрешна Политика

Во еклесијар Македонија сите внатрешни работи се одлучуваат заедно и секоја индивидуа и глас се зема во обзир за сите работи што ја засегаат нашата земја.

Доколку мислиш дека можеш да помогнеш, слободни влези во нашиот дискорд и биди дел ;)

IMRO - ВМРО е нашата партија и преку неа можете да станете конгресмен, министер или било што што ќе биде слободно во иднина. За да бидете дел само аплицирајте и пишете во описот на пријавата кој е Таткомак :)

Војник, Градител или ?

Во Еклесијар има два типа на играчи кои се еднакво битни за државата и сите нас.
Војниците се борат во битките и ги бранат/освојуваат териториите, без нив нема да имаме ниеден регион и најверојатно нема да постоиме.
Градителите ги градат објеките без кои ништо не може да функционира. Пример за да имаме 600ХП како што имаме сега секој регион што го имаме треба да има Болница (која дава ХП) до ниво 5. До тоа ниво се стигнува само доколку има градители што интензивно ќе градат :)
Убаво е штом влезете во играта да се одлучите што ќе бидете и да градите/удирате секој ден за да јачате Ранк и да фармате Equipment за Војник или Градител.

За повеќе информации и прашања, слободно пишете на четот во игра или уште поубаво, влезете на дискорд:
https://discord.gg/ENNN3aRJFA

Македонија над сè

Догодина во Солун ;)