Сплотувањето на Македонецот во едно е предизвик кој што не гони и во живо а и очигледно онлајн. Иако е само игра, тоа што успеавме скоро сите Македонци во играта да ги интегрираме во едно е нешто со што можеме да се гордееме. Резултатот на сплотеноста се гледа во битките каде што имаме успех од над 85% иако константно се бориме против цел сојуз со минимална помош од Алијансата поради константните борби на сите фронтови.

Што понатаму?

Комфорот да имаме залихи доволни секој ден да дадеме на сите, и доволно активни луѓе да сами победиме рунда против цела Алијанса прави да може да правиме практично што сакаме. И бидејки рацете ни се одврзани токму тоа и ќе го правиме во претстојниот период.

Србите ни го завртија грбот, и се продадоа на противничката алијанса и станаа нивни полтрон, сателит. Полтроните се бескорисни, и поради тоа ќе ги држиме избришани и до крај на мој мандат ќе бидат покорени. 

Доколку си еден од ретките кој што не е на дискорд, придружи ни се: https://discord.gg/ecUeW5NsDF

 

Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.